Леброн: Ќе мора да работам на психички план, ваква сезона навистина не очекував

Леброн Џејмс

Поразот од Бруклин во „Стејплс Центар“ за екипата на Лос Анџелес Лејкерс беше официјална потврда дека нема да настапи во овогодишниот плеј-оф.

Тоа значи дека Леброн Џејмс ќе биде надвор од конкуренцијата за шампионската титула по 14 години. По мечот, еден од најдобрите кошаркари на денешницата изјави:

„Јас ќе продолжам да работам како и досега. Ќе мора да поработам на психички план, бидејќи ваква сезона навистина не очекував. Но, не можете да ги предвидите повредите, исклучувањата и другите слични настани. Мислам дека треба да размислуваме само како да се подобриме и да ја промениме ситуацијата наредната сезона. Единствено јас што можам да направам е да продолжам со напорната работа и да се обидам да помогнам уште повеќе.

Ќе мора да разговараме за тоа какви промени се потребни и да донесеме конечна одлука. Мислам дека искуството од оваа година ќе ни послужи како мотив да бидеме подобри наредната сезона. Цела сезона знаевме дека ќе имаме проблеми со недостатокот на играчи на резервната клупа, што на крај се покажа како клуч за неуспехот“ , вели „кралот“.

Изјавата на Леброн Џејмс:

Четирикратниот освојувач на МВП наградата ќе стави крај на фантастичната серија од осум финалиња во низа, нешто што не беше видено од 70-те години и неверојатните достигнувања на кошаркарите на Бостон Селтикс.

Најнови вести од
НБА, САД