ВИДЕО: Леброн како Стеф Кари – шутираше, па се заврти со грбот кон кошот

Леброн Џејмс

Леброн Џејмс беше прво име во редовите на Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Хјустон Рокетс.

Најдобриот кошаркар на шампионот постигна 26 поени и одигра уште еден рутински натпревар во 18-та сезона во НБА лигата. На овој меч одлично му одеше шутот од поле, а дека самодовербата му беше на високо ниво покажува потегот кој ја одбележа изминатата вечер во најсилната лига на светот.

„Кралот“ испрати порака до сите ривали дека игра во фантастична форма со тројката по која не ни гледаше кон кошот, откако го испрати шутот. Ова своевремено беше заштитен знак на Стеф Кари, кој важи за еден од најдобрите шутери на сите времиња.

Лејкерси стигнаа до скор 9-3 и се на врвот на западната конференција.