Леброн јавно го покани Кармело Ентони да дојде во ЛА Лејкерс

Најголемата звезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс јавно ги истана своите желби како би ги направил „езерџиите“ посилни и сака да го види во тимот искусниот Кармело Ентони. Иако ја започна НБА сезоната во Хјустон Рокетс, Кармело по два месеца одлучи да се раздели со „ракетите“ и да побара нов предизвик.

34-годишниот Ентони веќе бара нов клуб, а оваа покана од Џејмс ќе биде добредојдена. Челниците на Хјустон ќе се обидат да го разменат Ентони по 15 декември, кога ќе стекнат такво право.

Кармело Ентони одигра само десет натпревари од тековната сезона и погодуваше во просек по 13,4 поени по натпревар. Со доаѓањето на Ентони, Лејкерси сигурно ќе го подигнат квалитативното ниво и ќе се обидат да им се заканат и на најдобрите екипи во лигата.