• Зоран Мишевски
Минаа 18 години и 1.297 последователни натпревари во основниот дел од НБА лигата и неверојатната серрија на Леброн Џејмс заврши. Имено, „кралот“ имаше минимум 10 поени.на сите овие натпревари во периодот од осумнаесет години.
Најдобриот стрелец во историјата на НБА запиша осум поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс против Торонто Репторс со 123-120. Сепак, во клучните моменти Леброн „вмеша прсти“ и му асистираше на Руи Хачимура за победничката тројка на „езерџиите“.
За Џејмс, ова беше деветтиот натпревар во неговата кариера во основниот дел од лигата во кој постигна едноцифрен број поени. Последниот пат такви бројки крај своето име запиша на 6 јануари 2007 година.
Во останатите натпревари ноќва Бостон го декласира Вашингтон со 146-101, а Филаделфија ја доби драмата со Голден Стејт со 98-99.









