Леброн и Вејд продуценти на документарец посветен на златото на ОИ 2008 година

НБА ѕвездите Леброн Џејмс и Двејн Вејд, старите пријатели и поранешни соиграчи работеа на проект и продуцираа документарен филм наречен „Redeem Team“. 

Овој филм кој го работеа кошаркарските ѕвезди ќе го промовира стриминг платформата „Нетфликс“. Се работи за репрезентацијата на Соединетите Американски Држави и настапот на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Откако на претходните Игри, Американците останаа без тронот поради Аргентина, во 2008 мораа да се оддолжат. 

Поради тоа, Леброн и Вејд го направија документарецот и потсетија како Соединетите Американски Држави дојде до златото во Пекинг. Тогаш во тимот на Мајк Кшишевски кој беше селектор, освен Вејд и Џејмс играа уште Коби Брајант (капитен), Двајт Хауард, Крис Бош, Крис Пол, Кармело ентони, Џејсон Кид, Тејшон Принс, Карлос Базер, Дерон Вилијамс и Мајкл Ред. 

Кошаркарите од НБА лигата често соработуваат со филмските продукции, се појавуваат како гости или главни ликови во многу филмови, а во 2020 година сите рекорди на гледаност ги сруши серијата „Последен танц“ за кариерата на Мајкл Џордан.