ВИДЕО: Леброн и Лејкерси го решија Њу Орлеанс, шампионот поразен во дербито на Истокот

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс продолжува со фантастичните партии оваа сезона и ноќва го запиша својот 44-ти триумф во НБА лигата и се зацврсти на лидерската позиција на табелата во Западната конференција (12 порази).

Пред разиграните момци на Вогел падна тимот на Њу Орлеанс, кој загуби со убедливи 118-109. Леброн Џејмс повторно блескаше и реализира 40 поени, осум скока и шест асистенции, додека Ентони Дејвис помогна со 21 поени и 14 асистенции. Кај поразениот тим Инграм беше фантастичен со 34 поени, а 29 запиша Вилијамсон. 

На спротивната страна од континентот, Милвоки Бакс ја запиша една од најважните овосезонски победи, затоа што славеше над шампионот Торонто. Канадскиот тим падна со 97-108 и полека ја губи трката за лидерската позиција на Источната конференција. Сега Милвоки има 50 победи и само осум порази, додека Торонто запиша 42 победи и 16 порази. 

Мидлтон со 22 поени и осум скока беше најрасположен во победничкиот тим, каде на ниво беше уште и Јанис со 18 поени и 17 сакока. Сиакам со 22 поени беше прв поентер во редовите на Торонто.