ВИДЕО: Леброн и Лејкерси блеснаа во Лас Вегас и го совладаа шампионот

Леброн Лејкерси

Дербито во претсезоната во НБА лигата се одигра вчера, а му припадна на Лос Анџелес Лејкерс.

Тимот предводен од Леброн Џејмс славеше над шампионот Голден Стејт Вориорс (123-113), а најдобриот играч на денешницата за само 18 минути оствари 15 поени, 10 скока и пет асистенции.

Одлични беа Кајл Кузма и Калдвел Поуп, кои се чини ќе бидат клучот за успехот на екипата од Калифорнија во новата сезона.

Иако овој пораз нема никого да го боли, тимот на Стив Кер имаше очајна вечер во која ја загуби топката дури 25 пати. Овие два тима ќе се сретнат повторно в петок, а сезоната официјално започнува на 17 октомври.