ВИДЕО: Леброн и Дончиќ диригираа, Лејкерси моќно се вратија на победите

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа против Атланта Хоукс со 141-116 во НБА лигата. „Езерџиите“ ја надминаа мини-кризата од три порази во низа и со ефикасен меч го надигра гостинот во „Крипто.ком Арената“. 

  • ЛА Лејкерс - Атланта Хоукс:

Прво име во победата по долго време беше Леброн Џејмс кој уфрли 31 поен и подели 10 асистенции, а одлична помош му беше Лука Дончиќ кој исто така имаше „дабл-дабл“ (27 поени, 12 асистенции). Во таборот на Атланта се истакна Александер Вокер со 26 поени, а 25 уфрли новото име во тимот Меколум.

На останатите терени Оклахома слави против Сан Антонио (119-98), Мајами триумфира со Феникс (127-121), Хјустон беше подобар од Чикаго (119-113), Минесота се радува во ефикасен меч против Милвоки (106-139), Денвер победи во Њу Орлеанс (116-122), а Голден Стејт славеше против Портланд (119-97).