ВИДЕО: Леброн и Дејвис го исфрлија Дурант, Милвоки слави со Никси

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси се радуваа во четвртфиналниот дуел од НБА Купот против Феникс Санс (106-103) против Феникс Санс. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис извојуваа победа и го поведоа тимот до победа над четата која на теренот ја предводи Кевин Дурант. Со овој триумф „езерџиите“ се пласираа во полуфиналето и ги очекува меч со Њу Орлеанс. 

  • Лос Анџелес Лејкерс - Феникс Санс:

По 31 поен запишаа Кевин Дурант и Леброн Џејмс, кој подели и 11 асистенции. Одлична партија имаше и Ентони Дејвис кој уфрли 27 поени и фати 15 скока. Во таборот на Феникс солидно одиграа Ален и Букер со по 21 поен. 

Милвоки Бакс убедливо славеа во дуелот против Њујорк Никс со 142-122, за место меѓу четирите најдобри во натпреварувањето среде сезона. Џулиус Рендал беше најефикасен на паркетот со 41 поен на контото, меѓутоа моќна партија имаше Јанис Адетокумбо со „дабл-дабл“ (35 поени и десет асистенции), а му помогна Лилард со 28 поени. 

  • Милвоки Бакс - Њујорк Никс:

В четврток од 23:00 часот Милвоки ќе се судри со Индијана, а истата ноќ во три по полноќ Лејкерси ќе ги дочекаат Пеликанси во полуфиналињата на првото издание на НБА Купот.