Леброн го носи својот син во ЛА Лејкерс?

Синот на Леброн, Брони Џејмс, најверојатно ќе се приклучи на Лос Анџелес Лејкерс ова лето. Синот на легендарниот кошаркар не е високо рангиран, според „Атлетик“ е на 72. место на најталентирани кошаркар во Соединетите Американски Држави. 

Исто така се шпекулира дека повеќето тимови не го сакале во своите состави, а сето тоа само го отвори патот на Лос Анџелес Лејкерс да ги спојат таткото и синот - Леброн и Брони Џејмс во својот тим.

Како што вели познатиот НБА известувач, чии информации никогаш не се погрешни, Лејкерси ќе користат пик од втората рунда за да го изберат Брони Џејмс.

Шемс Чаранија ова го изјави за време на гостувањето во подкастот „Пат Мекафи“ во програма во живо.