ВИДЕО: Леброн го наполни кошот на Кливленд, Орландо ја доби драмата со Сакраменто

Леброн Џејмс уште еднаш ја потврди својата висока класа и беше најзаслужен за победата на својот Лос Анџелес Лејкерс против поранешната екипа, Кливленд Кавалирс. Конечните 128-99 ја отсликуваат разликата во квалитет која постои помеѓу двете екипи. 

Леброн Џејмс постигна 31 поен и запиша осум асистенции, а Двајт Хауард го следепе 21 поен, имаше и 15 скока. Кај Кливленд најсветла точка беше Кевин Лав со 21 поен и 11 скока. Џејмс по овој дуел стигна до бројката од 9.062 асистенции во кариерата и изби а осмата позиција на вечната листа, надминувајќи го Ајзеа Томас.

Брогдон и Ворен со по 21 поен донесоа триумф за тимот на Индијана против Филаделфија со 101-95.

Бостон пред своите фанови го надигра Чикаго со 113:101, Тејтум средбата ја заврши со 21 поен.

Орландо во драматичен финиш го победи Сакраменто со 112-114, а Никола Вучевиќ беше прв стрелец на натпреварот со 26 поени.