ВИДЕО: Леброн го „наполни“ Кливленд, дербито меѓу Дончиќ и Јокиќ за Србинот

Кошаркарите на ЛА Лејкерс го совладаа Кливленд Кавалирс со 115-108, во натпревар на кој на паркетот блескаше Леброн Џејсм. Кошаркарскиот „Крал“ беше екстра-мотивиран и расположен против својот поранешен клуб, и си фантастична партија ги предводеше Лејкерси до нова победа.

„Езерџиите“ уште од самиот старт ја имаа предноста и беше јасно дека Кавалирси тешко ќе можат да избегнат пораз иако пружеа сосема солиден отпор. Но, на крај актуелните шампиони славеа со 115-108, а најзаслужен за оваа победа беше токму Џејмс, кој мечот го заврши со 46 поени, осум скока и шест асистенции. Во победничкиот тим се истакна и Ентони Дејвис со 17 поени и десет скока. Андре Драмонд беше најефикасен во тимот на Кливленд со 25 поени и 17 скока.

Синоќа возбудлив и атрактивен натпревар одиграа Денвер Нагетс и Далас Маверикс, а на крај Денвер успеа да слави со 117-113.

Денвер до големата победа го водеше Мајкл Портер Јуниор, со 30 поени, додека Никола Јокиќ реализира 20 поени и додаде уште десет скока и четири асистенции. Лука Дончиќ повторно беше одличен во дресот на Далас, но тоа не беше доволно за неговиот тим да избегне пораз. Словенецот постигна 35 поени, а додаде 16 асистенции и 11 скока.