Леброн го надмина Коби и сега е трет најдобар стрелец во НБА историјата!

Леброн Коби

Леброн Џејмс имаше што да слави во поразот на Лос Анџелес Лејкерс кај Филаделфија. Со 29 поени тој се искачи на третото место на вечната листа поентери во историјата на НБА лигата.

Зад себе „кралот“ го остави големиот Коби Брајант и сега гледа во грбот само на Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар.

Поранешниот центар на Милвоки и Лејкерси е неприкосновен на врвот со 38.387 поени, а зад него е легендата на Јута со 36.928 поени. Ако продолжи во исто темпо, веќе наредната сезона Леброн би можел да се закани на втората позиција на вечната листа.

Ова е уште еден рекорд зад името на ѕвездата на „езерџиите“, кој и во 17-тата сезона е меѓу најдобрите во најсилната лига во светот.