Леброн Џејмс сака да биде сопственик на клуб од Лас Вегас

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс и еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс, откри дека по крајот на кариерата сака да остане во спортот и да има свој колектив во Лас Вегас.

„Кралот“ во изминатите денови е во градот на гревовите затоа што со неговиот ЛА Лејкерс игра на новоформираниот Куп во НБА-лигата. „Езерџиите“ ќе бидат дел од финалето каде ќе се соочат со Индијана Пејсерс.

„Можеби звучи лудо, ама Вегас е спортски град. Видете го тимот на Ејсис во ВНБА, хокеарскиот тим Голден Најтс, Рајдерс од НФЛ, имаше и Ф1-трка... Градот е навистина спортски. Се надевам дека еден ден мојот тим ќе биде од Лас Вегас“, изјави Џејмс.

На големо се говори дека Лас Вегас и Сиетл се подготвени да формираат тим кој ќе кандидира за место во НБА-лигата.