Леброн Џејмс ќе ги скокне цели подготовки на ЛА Лејкерс

Леброн Џејмс, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, ќе ја пропушти целата претсезона поради иритација на нервот во пределот на мускулот на задникот, јавува познатиот новинар Шамс Чаранија од „ЕСПН“.

Џејмс не настапи ниту на еден од досегашните припремни натпревари поради оваа повреда, но според извештаите, тој веќе започнал да го зголемува интензитетот на тренинзите, што укажува дека закрепнувањето се одвива по план.

Главната цел на стручниот штаб на Лејкерси е Леброн да биде целосно подготвен за стартот на регуларната сезона, која тимот ја отвора на 21 октомври против Голден Стејт Вориорс. До тогаш, екипата ќе одигра уште четири претсезонски натпревари, но се очекува Џејмс да не ризикува настап пред целосно закрепнување.

И покрај тоа што влегува во својата 23-та сезона во НБА, 39-годишниот Џејмс и понатаму настапува на елитно ниво, што е речиси без преседан во историјата на лигата, особено ако се земе предвид бројот на натпревари, минути и физички напор низ неговата долга и успешна кариера.