Леброн Џејмс има богата понуда за нов двегодишен договор

Леброн

Леброн Џејмс и својот агент моментално се во преговори за нов договор со Лос Анџелес Лејкерс.

Четирикратниот НБА првак има уште една сезона од тековната соработка со „езерџиите“. Тој има 37 години, а на маса има понуда за наредните две години од славната франшиза од Калифорнија.

Се работи за договор вреден 97,1 милиони долари. Во претстојната сезона „кралот“ ќе заработи 44,5 милиони евра. Ако не ја прифати понудата од ЛА Лејкерс, Леброн наредното лето ќе биде слободен агент.

Џејмс минатата сезона запиша просек од 30,3 поени по натпревар, што го прави најстариот кошаркар со просек од над 30 поени по натпревар во историјата на НБА.