Леброн Џејмс е МВП на кошаркарскиот турнир во Париз

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс е прогласен за најкорисен играч на Олимписките игри (МВП), соопшти Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Џејмс во финалето против Франција постигна 14 поени, имаше 6 скока и 10 асистенции. „Кралот“ во полуфиналето против Србија натпреварот го заврши со „трипл-дабл“ - 16 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Вечерашниот медал е трет златен на Олимписките игри за кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, по 2008 и 2012 година, а вкупно четврти, бидејќи има и бронзен медал од 2004 година. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, Германецот Денис Шридер и Французинот Виктор Вембањама и Американците Стеф Кари и Леброн Џејмс се дел од идеалниот тим на турнирот.

Србинот Алекса Аврамовиќ е најдобар одбранбен кошаркар на турнирот.