Леброн, Дурант и Ленард на поширокиот список на САД за ОИ

САД

Селекторот на САД, Грег Попович, објави прелиминарен список од 44 кошаркари кои ќе конкурираат за тимот кој ќе ја претставува државата на Олимписките игри во Токио.

На истиот има место за имиња како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Каваи Ленард, Стеф Кари, Ентонио Дејвис, Пол Џорџ, Џејмс Харден и многу други. Конечниот список ќе биде познат во јуни.

Американците сериозно му пристапуваат на овој турнир, на кој три пати во низа го освојуваат златниот медал. Тоа кажува доволно за желбата на големите ѕвезди да настапат во националниот дрес и да испишат историја на Олимписките игри. 

Разочарувачкото седмо место на претходниот Мундијал е мотивација за американските репрезентативци да покажат дека се уште се на врвот на светската кошарка.