• Саше Љолес
Леброн Џејмс е подготвен за уште една НБА сезона, можеби и последна во неговата богата кариера. Славниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс во разговор со медиумите најави дека планира да се бори за највисоки дострели, без оглед на тоа што има полни 40 години.
„Кралот“ Џејмс воедно изрази голем оптимизам за новите предизвици, а не заборави да го спомене и неговиот словенечки колега, Лука Дончиќ.
„Не знам дали е последна сезона за мене, но знам дека сум фокусиран на успешни резултати и ќе целиме на највисоките позиции во лигата. Имаме добар тим, ростерот е освежен, па затоа мислам дека имаме добри шанси.
Ќе дадам максимум за да му помогнам на тимот и ќе бидам одличен соиграч на Дончиќ. Заедно растеме како индивидуи и како кошаркари. Годините не играат улога, тој ми е како помлад брат“, изјави Леброн.
Леброн Џејмс и Лука Дончиќ играат заедно во Лејкерси од средината на минатата сезона. И покрај неговата возраст, „кралот“ минатата сезона просечно бележеше 24,5 поени 7,9 скока и осум асистенции по натпревар.
ФОТО/PHOTO: Nba.com








