Леброн добива огромна помош, доаѓа најдобриот резервист во лигата

Лејкерс

Заминувањето на Двајт Хауард во Филаделфија отвори простор за уште едно засилување во редовите на Лос Анџелес Лејкерс. 

Шокантен трансфер во градскиот ривал направи Монтрези Херел, кој изминатата сезона беше дел од Лос Анџелес Клиперс. Човекот кој ја доби наградата најдобар резервист ќе биде дел од ростерот на Леброн Џејмс кој ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена во октомври.

Крилниот центар важи за голем борец кој зад себе остави рекордна сезона во која запиша просек од 18,6 поени и 7,1 скока по натпревар.

Тоа не е крајот на новитетите на „езерџиите“, бидејќи наводно готов е и трансферот на шутерот Весли Метјус. Тој ќе стави потпис на едногодишен договор.

Наскоро се очекуваат уште поголеми промени во екипите од НБА лигата. Почетокот на новата сезона е закажан за 22 декември, а до тој ден сигурно дека ќе се случат уште многу шокантни трансфери.