ВИДЕО: Леброн доби нокаут од Татум, „кралот“ на момент остана зашеметен

Леброн нокаут

Се играа последните минути од втората четвртина кога новајлијата во екипата на Бостон Селтикс, Џејсон Татум, имаше директен судир со Леброн Џејмс, по кој подебелиот крај го извлече ѕвездата на Кливленд Кавалирс.

Домашниот кошаркар со рамо удри по главата на „кралот“, а овој поради зашеметеност мораше да ја напушти играта и да замине на пауза во соблекувална. По направените тестови тој се врати во игра и го заврши полувремето, но се чинеше дека не е оној истиот.

Леброн постигна 25 од вкупно 42 поени за Кливленд по првиот дел во вчерашниот пораз од Бостон.