Леброн без влакна на јазикот за плеј-ин фазата: Тоа е ср*ње!

Лос Анџелес Лејкерси „висат“ за место кое води во плеј-офот на НБА лигата. Моментало се на петтата позиција, ама имаат ист број на победи и порази со Далас и Портланд, но се во серија од три неуспеси. До крајот на регуларниот дел од сезоната има уште осум натпревари, а Лејкерси по секоја цена ќе сакаат да го избегнат плеј-ин сегментот кој е новитет од лани. 

Леброн Џејмс се врати од повреда, ама не е 100% фит за игра и не пружа партии какви што знае. Токму тој со еден краток коментар, јасно стави дознаење на челниците на НБА дека плеј-ин фазата не му се допаѓа.

„Плеј-ин фазата е ср*ње. Кому му текнало тоа, треба да добие отказ“, прокоментира „кралот“. 

Доколку играат во плеј-ин фазата, Лејкерси ќе имаат дополнителни обврски, а стартот на истата е планиран од 18 до 21 мај. 

Најнови вести од
НБА, САД