Леброн: Бесен сум, како може да освојам само 16 гласа за МВП наградата?

Леброн МВП

Леброн Џејмс заврши на второто место во трката за МВП признанието за тековната НБА сезона. Наградата втора година во низа заврши во рацете на Јанис Антетокумбо што му овозможи да стане трет член во елитното друштво, заедно со Мајкл Џордан и Хаким Олајџувон, како единствени играчи со МВП одличје и награда за најдобар дефанзивец во иста сезона.

Ваквиот расплет и бројот на гласовите кои ги доби предизвикаа гнев кај Леброн Џејмс, кој истиот го искажа пред медиумите.

„Бесен сум што освоив само 16 гласа од вкупно 101. Тоа ме изнервира најмногу. Не велам дека победникот не ја заслужи наградата, но некои работи едноставно се надвор од мојата контрола“, рече ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс.

Антетокумбо собра 85, Леброн заврши со 16, а Џејмс Харден не доби ниту едне глас меѓу МВП кандидатите.