ВИДЕО: Леброн бадијала расположен, Сакраменто му го нанесе 21. пораз на ЛА Лејкерс

Koшаркарите на Лос Анџелес Лејкерс запишаа нов пораз во НБА лигата, втор во низа, откако на гости кај Сакраменто беа поразени со 125-116, во натпревар во кој Леброн Џејмс одново блескаше на паркетот, но недоволно за победа на својот тим.

„Кралот“ и на овој дуел беше водечка сила на својот тим, заврши со 34 поени, седум скока и шест асистенции, но не ја доби соодветната поддршка од соиграчите. Вестбрук беше под просек, со само осум поени, додека солиден беше Монк со 22 поени. 

Во победничкиот табор, дури шест кошаркари завршија со двоцифрен скор. Најпрецизен беше Фокс со 29, па го следеа Барнс со 23, Бедли со 16 поени.

Блескав натпревар имаше и Дејонте Мареј кој оствари „трипл-дабл“ учинок во поразот на Сан Антонио од Хјустон со резултат 124-128. Мареј натпреварот го заврши со 31 поен, десет скока и 11 асистенции, но за жал тоа не беше доволно за победа на неговиот тим. Во спротивниот табор Гордон најефикасен беше Гордон со 31 поен.

На останатите натпревари Индијана Пејсерс загуби од Бостон Селтикс со 100-119, Њујорк Никс беше убедлив против Далас Маверикс (108-85), а  Бруклин Нетс со 112-138 славеше над Чикаго Булс.