Лажго и предавник: Фановите гневни на Слукас по шокатниот трансфер од Олимпијакос во ПАО

Кошаркарка Грција, но и Европа бруи за потегот на Костас Слукас. Грчкиот ас предизвика бура со преселбата од Олимпијакос во Панатинаикос. Неколку евролигаши сакале да го искористат тоа што Слукас не сакал да ја продолжи соработката со Олимпијакос, но на крајот искусниот грчки бек направи речиси незамислива работа - премина во редовите на најголемиот ривал. Тој ќе го облече дресот на Панатинаикос, кој прави дрим-тим, а своите ставови ги кажаа и навивачите на Олимпијакос.

Секако, тие овој потег го сфатија како предавство, а 33-годишникот, кој го потпиша најголемиот договор досега во грчката кошарка, експресно беше прогласен за непосакуван во Пиреја. Додека фудбалскиот клуб играше пријателски натпревар, навивачите на тој меч пееја песни против Слукас, а „Гејт 7“, како што ја нарекуваат навивачката група имала средба со играчот.

Наводно, тој им признал дека имал несогласувања со тренерот на тимот Јоргос Барцокас и дека не е задоволен од неговата улога во тимот. Тие тврдат и дека тој негирал дека има шанси за преселба во Панатинаикос.

„Кога видовме дека не славиш кога ја освоивме титулата ти пријдовме и разговаравме. Откако те повикавме и седнавме со тебе, ни се заблагодари за сè што направивме за тебе, особено за поддршката во тешките моменти. Рече дека сакаш да останеш во клубот подолго од кој било, но дека имаш проблем затоа што Барцокас не ви дозволува да играш повеќе. Но, рече дека тимот е над сите и дека сакаш да најдете компромисно решение со тренерот, кого природно го поддржуваш. Го ставаш своето его над тимот. 

Главната причина што си лажго и предавник е тоа што ние само те замоливме да не одиш во Панатинаикос. Тогаш скокна од столчето и рече дека нема да го направиш тоа ниту за десет милиони евра. Рече дека никогаш не си бил предавник и дека се откажа од многу пари за да дојдеш во Олимпијакос. Сето ова докажува дека цело време лажеше, дека разговараше со нашите непријатели и дека ни продаваше бајки. Не ни е гајле што отиде во Панатинаикос затоа што нашиот тренер и раководството те одби“, се вели во соопштението на навивачите на Олимпијакос.

Слукас беше поврзуван со премин во неколку евролигаши, а во еден период се шпекулираше дека е пред потпис со Партизан.