ЛаВин влезе во „ковид протокол“ и не полета со американските олимпијци

Нема крај на проблемите на американскиот селектор Грег Попович пред олимпискиот кошаркарски турнир во Токио. Пред летот за Јапонија, Зек ЛаВин влезе во „ковид протоколот“ и не му беше дозволено да лета со експедицијата. 

Асот на Чикаго треба да чека шанса за дополнително да им се приклучи на соиграчите во Токио. Претходно од ростерот отпаднаа Бредли Бил и Кевин Лав, а дополнително беа повикани Келдон Џонсон и ЏаВејл МекГи. Попович во последен момент ќе дознае дали и кога може да смета на Кевин Букер, Крис Мидлтон и Џру Холидеј кои се дел од финалето на НБА плеј-офот.

Сселекцијата на Соединетите Американски Држави дебитираат на олимпискиот турнир в недела против Франција.