Ласо: Во многу аспекти бевме подобри, но решија финалните детали

Како започна евролигашкото финале во „Штарк Арена“ во Белград се чинеше дека со играта под обрачите Реал Мадрид ќе ги „скрши“ Анадолу Ефес и ќе му ја одземе титулата. Но,, Ергин Атаман најде решение за тактиката на Ласо и со одлична последна четвртина стигна до победа од 57-58. 

По поразот шпанскиот тренер разочарано резимираше дека загуби екипата која во повеќе сегменти на играта беше подобар ривал.

„Не можам ништо да им замерам на моите момци. Ова беше финале на една топка и овојпат победата ја однесе нашиот противник. Мислам дека вечерва доминиравме во многу аспекти на играта, но деталите во финишот не беа на наша страна. Во последниот период имаше 4-5 чисти шутеви кои ги промашивме и затоа загубивме. Честитки за победата на екипата на Анадолу Ефес“, рече Ласо.

Ова е трет пораз во петтото финале на Ласо како тренер на Реал Мадрид: Оваа сезона „кралевите“ загубија и во финалето на Купот на Кралот и остануваат само со трофејот од Суперкупот на Шпанија