• Зоран Мишевски
Евролигашот Анадолу Ефес зад себе остави сезона со разочарувања и повреди. Од клубот најавуваат заминување на Шеј Ларкин и покрај што тој има уште две години од договорот со клубот.
Веќе стигнале понуди од неколку екипи од Евролигата: Хапоел Тел Авив, Барселона, Фенербахче, Реал Мадрид и Басконија. Ларкин како дел од Анадолу Ефес освои две титули во Евролигата и три во турското првенство, а од 2023 година немаат освоено ништо, а сезонава одигра само дванаесет натпревари поради повредата.
Во Хапоел Тел Авив посакуваат уште еден квалитетен бек покрај Василије Мициќ, а Барселона го посакува Ларкин од 2017 година. Фенербахче е тешко изводлива опција поради ривалството на клубовите во Турција.
