Ларкин: Среќен сум што Мициќ остана, можеме да ја одбраниме титулата во Евролигата

Шејн Ларкин, кошаркарот на Анадолу Ефес, јавно искажа задоволство поради фактот што Василије Мициќ остана во клубот.

„Многу сум среќен што Мициќ остана. Бевме во контакт во текот на летото и честопати разговаравме за иднината. Убаво е да се игра со него. Тој напредуваше од година во година и сега е подобар играч. Презема повеќе одговорност секоја година. И двајцата сме важни за тимот. Мораме да продолжиме да играме добро и да им помагаме на соиграчите. Се надевам дека повторно ќе ја освоиме Евролигата", рече Ларкин.

Анадолу Ефес дебитира во новата сезона на Евролигата следниот четврток против Реал Мадрид.

„Најголемиот предизвик ќе биде да се задржи мотивацијата. Многу тимови ја губат таа мотивација по освојување на титулата. Го губат тој „жар“. Најголемиот предизвик е да се остане на ниво и да се продолжи понатаму. Во модерната историја на Евролигата, само два тима ја одбранија титулата", заврши Ларкин.

Според добрите познавачи на европската кошарка, „пиварите“ од Истанбул, заедно со Барселона и ЦСКА Москва и годинава се вбројуваат меѓу кандидатите за освојување на најсилното клупско натпреварување во Европа.