Ларкин ќе го замени Анадолу Ефес со најлутиот градски ривал?

На повидок е голем трансфер во европската кошарка. Ако минататото лето мина во знакот на потписот на Костас Слукас од Олимпијакос во Панатинаикос, сега слично предавство може а се случи во Турција

Американецот Шејн Ларкин по пет сезони веројатно ќе го освои Анадолу Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата и стекна култен статус. Сепак, изненадување е можниот нов клуб на плејмејкерот. 

Целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона. Ларкин заработува четири милиони евра, што е највисоката плата во Евролигата.

Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, 3 скока и 1,1 украдена топка.