• Иван Димовски

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин успеа да ја врати формата која го красеше во ланската шампионска сезона.
Американецот кој има и турски пасош блесна кога беше најпотребно и во плејофот против Олимпија Милано запиша индекс на корисност од 23,4. Ларкин постигнуваше во просек по 17,6 поени и 5,3 асистенции.
Поради одличниот перформанс во серијата која Ефес ја доби со 3-1, Ларкин беше избран за МВП на месец април. Фактот дека плејмејкерот се разигра во клучен дел од сезоната е одличен адут на Анадолу Ефес во битката да се одбрани тронот во Евролигата.