Ларкин ги демантира најавите за промена на името од турските медиуми

Шејн Ларкин

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, се согласи да настапува и да ги боите на турската репрезентација.

Јавноста беше одушевена од оваа одлука на Американецот, а медиумите започнаа да најавуваат дека тој дури и ќе го промени името. Од тоа нема да има ништо бидејќи самиот кошаркар јавно ги демантираше гласините.

„Сите пишувања околу промената на името се неточни. Името кое го имам од раѓање ќе го задржам и со турското државјанство“, изјави Ларкин.

Информациите од Турција тврдеа дека американскиот интернационалец во иднина ќе се вика Дешејн Дејвис Каркин.

Ларкин се очекува да биде големо засилување за турската селекција во квалификациите за Олимписките игри во Токио.