Лапорта го блокираше трансферот на кошаркарот кој е непожелен во Барселона

Францускиот кошаркар Томас Ертел, кој пред само неколку години беше непожелен во Барселона поради тајните преговори со Реал Мадрид, требаше деновиве да се врати во каталонскиог гигант, но неговиот трансфер беше стопиран од претседателот Жоан Лапорта. 

Барса е во проблеми по повредата на Нико Лапровитола и заминувањето на Раул Нето и беше во потрага по нов квалитетен плејмејкер, но очигледно Ертел е и натаму „персона нон грата“ во овој клуб. 

Она што е уште поинтересно е дека Ертел всушност пристигнал на аеродромот во Барселона, каде веднаш му било соопштено дека Лапорта не го сака назад во тимот поради страв од дополнителни немири и гнев кај навивачите. 

Ертел важи за еден од најдобрите шутери на својата генерација, а во кариерата играше за многу клубови како По Ортез, Асвел, Басконија, Анадолу Ефес, Барселона, Реал Мадрид и Зенит Санкт Петербург. Последната сезона го носеше дресот на кинескиот Шенжен Леопардс.