• Горан Упале
Звучи како нереално, но во светот на НБА лигата сè повеќе се шпекулира за можноста Лука Дончиќ и Никола Јокиќ да заиграат заедно во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.
Наводно, калифорниската франшиза планира да ги спои Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, двајца најдоминантните кошаркари на денешницата, за да создаде супер-тим со кој ќе ја нападне титулата во НБА лигата. Дончиќ го продолжи својот договор со Лејкерси на три години, вреден 165 милиони долари, но со опција за напуштање во 2028 година.
Во исто време, Јокиќ би можел да излезе на пазарот истата година ако одлучи да не ја искористи својата опција во Нагетси. Иако Денвер се обиде да го минимизира одбивањето на Јокиќ на тригодишно продолжување вредно 206,4 милиони долари, потегот веднаш предизвика низа гласини. Најгласната е дека српскиот центар би можел да му се придружи на Дончиќ во Лејкерси.
Доколку се оствари ова сценарио, двајцата би биле во позиција да потпишат историски високи договори. Дончиќ би бил кандидат за петгодишен, супермаксимален договор вреден дури 417 милиони долари.


