• Мартин Танасковски

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ќе има нов тренер во новата сезона затоа што актуелниот предводник Франк Вогел ќе добие отказ, пишува „Бличер репорт“.
Актуелниот првак во НБА-лигата не игра според планот и тешко дека ќе обезбеди место во плеј-офот. И покрај тоа што многумина ги сметаа за фаворити, кошаркарите на ЛА Лејкерс стравуваат и за местото во плеј-ин турнирот.
Леброн Џејмс и дружината се наоѓаат на 11-тото место во Западната конференција со скор 31-47, а се наоѓаат на две победи помалку од десеттиот Сан Антонио Спарс. Вогел според повеќето е главниот виновник за резултатите и ќе добие отказ.
Тренерот е на чело на екипата од 2019 година и во деби-сезоната ги направи ЛА Лејкерс шампиони.