ЛА Лејкерс нуди тројца играчи за да го грабне Богдан Богдановиќ!?

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс разгледува опции за нови имиња во тимот, а една од нив е српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ.

Бекот пред извесен период одби да потпише нов четиригодишен договор со Сакраменто Кингс вреден 52 милиони долари, а ситуацијата будно ја следат од Лос Анџелес. Србинот може да си замине во текот на сезоната, за Сакраменто да „ќари“ нешто од него.

Рокот за размена на играчи во НБА-лигата се уште трае, па се разгледува можноста Богдановиќ да замине во „градот на ангелите“ за тројца играчи. Лос Анџелес Лејкерс е подготвен да ги понуди Кајл Кузма, Квин Кук и Трој Дениелс, како и идниот пик од втората рунда за да го ангажира Богдановиќ.

Агентите кои се под договор може да менуваат клубови до 6 февруари. Доколку Богдановиќ си замине од Сакраменто на крајот од сезоната, тимот нема да добие ништо со оглед на тоа што кошаркарот ќе стане слободен агент.

27-годишниот Богдановиќ во НБА-лигата е од 2017 година, а досега играше само за Сакраменто Кингс. Претходно, тој беше дел од Партизан и Фенербахче.