• Мартин Танасковски

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс донесе ново засилување во своите редови и потпиша со Бен Меклемор.
28-годишниот кошаркар доби отказ од Хјустон, а имаше неколку заинтересирани екипи за неговите услуги. ЛА Лејкерс успеа да постигне договор со кошаркарот до крајот на сезоната.
Оваа сезона Меклемор одигра 32 натпревари за Хјустон и на паркетот во просек мина по 17 минути, за кои реализира 7,4 поени по натпревар