Кжижевски: Србија има страшен тим, не е лесно против Теодосиќ и Богдановиќ

Селекторот на кошаркарскиот олимписки тим на САД, Мајк Кжижевски, ја пофали селекцијата на Србија, велејќи дека неговите избраници нема да имаа лесна задача во нивниот меѓусебен дуел, бидејќи „орлите“ имаат класа играчи како Теодосиќ и Богдановиќ.

„Србија има богата кошаркарска историја. Милош Теодосиќ е еден од најдобрите кошаркари на светот, а Богдановиќ е еден од најпрецизните шутери. Сигурен сум дека ќе имаме проблеми во меѓусебниот дуел“, за новинарите во Рио изјави Кжижевски.

Србија и САД играат во групата А, а нивниот дуел е закажан за на 12 август. Последен пат овие две селекции се сретнаа во финалето на СП во Шпанија, кога Американците убедливо победија со 129-92.