Квалификации за ЕП: Македонија ќе отвори со најважниот меч!

Кошаркарската репрезентација на Македонија во февруари ќе го започне главниот квалификациски сегмент за пласман на Евробаскетот во 2025 година. Откако ги минавме претквалификациите, сега на ред е главната квалификациска фаза. За противници Македонија ги доби Литванија, Полска и Естонија

Денес ФИБА го објави распоредот на натпревари за шесте квалификациски кола. Интересно, слично како и на претходните квалификации, Македонија отвора дома со Естонија, а овој меч може да е меѓу најважните за пласман во следната фаза. Потоа следат гостувања кај Полска, Литванија и Естонија, па домашните мечеви со Полјаците и Литванците. 

  • Распоред на натпревари во групата на Македонија:

1 коло (23.02.2024)
Македонија - Естонија
Литванија - Полска

2 коло (26.02.2024)
Полска - Македонија
Естонија - Литванија

3 коло (21.11.2024)
Македонија - Литванија
Полска - Естонија

4 коло (24.11.2024)
Литванија - Македонија
Естонија - Полска

5 коло (21.02.2025)
Естонија - Македонија
Полска - Литванија

6 коло (24.02.2025)
Македонија - Полска
Литванија - Естонија

Трите најдобро рангирани екипи одат на Европското првенство. Во групата многу ќе зависи од Полјаците, кои како ко-домаќини се веќе во групната фаза на натпреварувањето, па останува мистерија дали ќе играат со полн состав и сите сили или пак ќе тестираат и воигруваат. Квалитативно, Македонија своето место на континенталниот собир треба да го бара во двомечот со Естонија, како што беше и во претходниот циклус.