• Сашо Поповски

Миндаугас Кузминскас одлучи да си замине од Зенит, поради воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
Литванецот ќе се врати во својата држава и ќе чека разврска на целата ситуација. Неговите чекори се очекува да ги следи сонародникот Артурас Гудаитис. Американецот Шабаз Нејпир беше првиот кошаркар кој одлучи да ја напушти екипата од Санкт Петербург.
Торнике Шенгелија од Грузија, пак, замина во Шпанија и го напушти тимот на ЦСКА Москва.