Кузмиќ успешно опериран, ќе може слободно да дише! 

Огњен Кузмиќ, кошаркарот на Црвена Звезда, успешно е опериран, денес потврди српскиот кошаркарски шампион. 

Хируршкиот зафат на горната и долната вилица бил успешен, по што 29-годишниот центар многу веројатно ќе може слободно да дише. 

„КК Црвена Звезда ве известува дека операцијата на која беше подложен нашиот кошаркар е успешна. Со истата се отстранети тешките фацијални повреди кои Огњен се здоби по незгодната сообраќајна несреќа пред три дена. Операцијата беше неопходна, неговото лице се врати во нормална анатомска позиција, со што е овозможено повторно нормално да дише“, пишува во соопштението на белградскиот клуб. 

Моменталната здравствена состојба на Кузмиќ е стабилна, но сè уште е во индуцирана кома и е под будно око на лекарскиот тим.