ВИДЕО: Кузма ги водеше Лејкерси со Шарлот, шеста победа во низа за Клиперс

Лос Анџелес Лејкерс ги заборавија Никси и победија против Шарлот со 93-101. Шампионот на НБА лигата сè уште е без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, па продолжи со променливите партии. Сепак, Кајл Кузма се истакна и го поведе тимот до славје против Хорнетси. Иако домаќинот во „Спектрум Центар“ беше рамноправен, а и долго водеше не успеа да издржи и падна во вториот дел. Кузма беше најпрецизен со 24 поени, пред Грахам и Шродер со по 19, додека исклучително корисен беше Мартин со 17 поени и 10 скокови. 

  • Шарлот Хорнетс - Лос Анџелес Лејкерс: 

Шеста победа во низа слави Лос Анџелес Клиперс, откако го доби дуелот со Индијана Пејсерс со 115-126. Гостите од Калифорнија подолго беа во предност, но Пејсерси не се откажаа ниту во еден момент и се држеа во игра до последниот период. Тогаш Клиперси ја кренаа границата на двоцифрена и славеа на овој дуел. Пол Џорџ ги предводеше поентерите со 36 поени, а го следеа Брогон (29) и ЛеВерт (26) од Индијана. 

  • Индијана Пејсерс - Лос Анџелес Клиперс: 

На останатите терени Атланта слави кај Торонто (103-108), Бостон минимално го совлада Портланд (115-116), Феникс го доби Мајами (106-86), а Јута победи против Оклахома (106-96).