„Курир“ пишува за бизарната причина поради која Теодосиќ нема да игра на ЕП

Теодосиќ

Отстранувањето на Милош Теодосиќ од српската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство предизвика шок во кошаркарската јавност.

Искусниот плејмејкер не е во плановите на селекторот Светислав Пешиќ. Српски „Курир“ пишува за бизарната причина поради која 35-годишникот наводно беше изоставен од составот за континенталниот турнир.

Првично се шпекулираше дека се работи за кавга меѓу него и Пешиќ. Но, наводно капитенот на Србија ја прекршил дисциплината во однос на периодот на спиење, саатницата била одредена за сите играчи, а тој не ја испочитувал. Друга причина за која се пишува во српските медиуми е неможноста на заедничко функционирање на теренот меѓу Теодосиќ и Мициќ. Се разбира нема потврда од таборот на Србија за ниту една од овие шпекулации поврзани со ветеранот.

Европското првенство ќе се одржи од 1 до 18 септември во Чешка, Грузија, Германија и Италија. Противници на Србија во групата Д ќе бидат Израел, Холандија, Финска, Полска и Чешка.