Купот на Македонија именуван во „Благоја Георгиевски - Буштур“!

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) донесе одлука да го именува Купот на Македонија во „Благоја Георгиевски - Буштур“, во чест на трагично загинатата наша кошаркарска легенда.

Легендарниот Буштур загина во сообраќајка во Скопје, па од КФСМ велат дека потегот е поради големото спортско наследство кое тој го оставил на сите понатамошни генерации.

На последниот состанок на КФСМ донесена е едногласна одлука за донирање на средствата од влезниците за дуелот меѓу Македонија и Естонија, а исто така усвоена е и завршната сметка за 2019 година, без забелешки на Управниот одбор.

Кошарката во Македонија во моментов е во прекин, поради коронавирусот кој масовно се шири низ Европа.