ВИДЕО: Куп-титулата пристигна во „Градски парк“, ЦПБ славеа со пиротехника!

 Неколку часа по освојувањето на Купот на Македонија, кошаркарите на Работнички пристигнаа во Скопје и веднаш се упатија во „Градски парк“. Заедно со кошаркарите, десеттиот трофеј во ова натпреварување, го прославија и навивачите.

Имено, тие им приредија незаборавен пречек во нивниот дом во „Градски парк“ и со пиротехника прославија уште еден успех.

Работнички стана првиот македонски клуб со двоцифрен број на титули во Купот на Македонија, откако во Гевгелија во голем стил го освои десеттиот трофеј од Купот.