Работнички налета на Куманово во четвртфиналето на Купот

Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација беше извршена ждрепката за четвртфиналните двојки во Лимак Купот на Македонија 2017. Домаќин на завршниот турнир ќе биде спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци од 17 до 19 февруари 2017 година.

Четвртфинале:

МЗТ Скопје - Кожув

Работнички - Куманово

Вардар - Карпош Соколи

Фени Индустри - АВ Охрид

Титулата од минатата сезона ја брани МЗТ Скопје, кој во Гевгелија во февруари минатата година во финалето го совлада Карпош Соколи.