Куманово со тимска игра лесно го надигра Гостивар за втор сезонски триумф

Екипата на Куманово се избори за победа пред своите навивачи и го совлада Гостивар со 71-62 во натпреварот од петтото коло во Првата македонска лига. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Куманово и Гостивар: 

Домаќините не го започнаа натпреварот според планираното, Гостивар успеа да ја добие првата делница, но Куманово возврати со соодветна мера во вториот период. На паузата резултатот гласеше 36-33 во корист на кумановчани, кои одиграа одлично и во третата четвртина. 

Предноста полека растеше и во последната четвртина, Куманово имаше +12 во 35. минута, а на крајот триумфот беше заокружен со конечни 71-62. Најефикасен во победничкиот табор беше Антабиа Волер со 18 поени, а уште тројца играчи беа двоцифрени (Радукиќ, Луковиќ и Јанески). Кај гостите Максим Митевски беше автор на 15 поени. 

Во следното коло Куманово ќе гостува кај Кожув, додека Гостивар ќе патува кај шампионот МЗТ Скопје.