• Иван Димовски

Кошаркарите на Куманово дојдоа до првата победа во 2026 година, откако убедливо славеа како гостин кај Ангели (70-99) во натпревар од 15. коло на Суперлигата на Македонија. Со овој триумф кумановци загреани го дочекуваат завршниот турнир во Купот на кој се домаќини.
- Комплетниот натпревар меѓу Ангели и Куманово:
На средбата во Скопје гостинската екипа се наметна од самиот почеток. Куменовци заиграа одлично и бргу стекнаа двоцифрена предност (12-23), а до крајот на првиот период имаа веќе високи 14-30. До полувремето водството порасна на огромни „плус 29“, а потоа следуваше опуштање кое Ангели го искористија и смалија на 36-54 на паузата.
Второто полувреме беше рутина за Куманово. „Фенерџијата“ немаше сили за било каков кам-бек, а тоа искусниот гостински тим во Скопје знаеше да го искористи. На крајот домашните снемаа и енергија, разликата достигна максимални „плус 34“ и Куманово забележа голема гостинска победа.
Андреја Стевановиќ со 28 и Стојан Ѓуроски со 23 поени беа најдобри во таборот на гостите, додека кај Ангели се истакна настовски со 21.







