Куманово со перфектна партија до висок триумф над Кожув

Кошаркарите на Куманово го искористија домашниот паркет и славеа против Кожув со 99-69, во натпреварот од 17. коло на Првата македонска лига. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Кожув:

Првата четвртина беше израмнета, гостите парираа на стартот и имаа предност (6-10). Сепак, на тоа следеше одговор и серија од 9-0 за кумановчани, а до крајот на периодот стекнаа и 21-13. Втората четвртина мина во знакот на домаќинот кој се одлепи и стекна двоцифрено водство, па на одмор се замина со 44-30. 

На стартот на продолжението Куманово дополнително ја зголеми предноста и стигна до највисоките „плус 30“ (71-41). Оваа предност ја повтори и на стартот на последниот период, а Кожув немаше сили за било каков кам-бек во натпреварот па претрпе гостински пораз и тоа убедлив.

Урош Луковиќ со 19 поени беше најдобар на паркетот, додека кај Кожув со 14 заврши Стевановиќ.