Куманово прекомандува четворица младинци во првиот тим

Кошаркарскиот клуб Куманово работи на ростерот за следната сезона, но истовремено мисли и на иднината затоа што прекомандува четворица играчи во првиот тим.

Се работи за Милош Јовановиќ, Лука Димитриевски, Матеј Антевски и Душан Аврамовски, кошаркари кои имаат измеѓу 17 и 18 години. Сите ќе конкурираат за настап во новата сезона кај тренерот Мирковски, кој важи за одличен стратег и педагог кога се работи за младите играчи.

До крајот на сезоната Куманово се очекува да донесе уште две нови имиња за посилен ростер. Приоритет ќе биде центарската позиција, каде се најавува звучно име.